4NEWS.mk

Боливискиот претседател Ево Моралес поднесе оставка

Боливискиот претседател Ево Моралес соопшти дека дава оставка.

Непосредно по соопштувањето, оставка поднесе и неговиот потпретседател Алваро Марсело Гарсија Линера.

Денеска шефот на армијата, генералот Вилијамс Калиман, го повика Моралес да се повлече.

Претходно денеска Моралес најави предвремени избори, попуштајќи пред зголемениот притисок околу спорните резултати од изборите на 20 октомври.

Во Боливија се одржуваа масовни протести чиј повод беше спорниот реизбор на Моралес минатиот месец.

Во неделата меѓународните набљудувачи повикаа на поништување на изборниот резултат.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни