Болните од рак во Македонија по друштвените мрежи испраќаат апели за да се снаоѓаат меѓу себе со терапија, која е итна и неодложна.
Здравствениот систем е нефункционален, вака пред некој месец рече премиерот Димитар Ковачевски додека беше во посета на Градската општа болница „8-ми септември“. Како да ние не знаевме или не сме осетиле дека системот не чини, па премиерот мораше да го каже тоа. А кој е системот? Системот е тој, министерот за здравство, цела Влада.
И пациентите со цистична фиброза се оставени сами на себе. Исто така бараат итна терапија. Протестираа и пред Министерството за здравство, но до денес никој не презеде ништо.
Додека чекаме системот да се опорави, господ да е на помош.