Борба за работа и пари, љубовниот живот подобар од било кога – Годишен хороскоп за Бик 2019

Тврдоглав но трпелив, Бикот секогаш е спремен да преживее.

Годишниот хороскоп за Бик 2019 година покажува дека токму овие особини ќе му помогнат во тешкиот период во 2019 година. Првиот дел од годината ќе му донесе борба за работа и пари, додека здравствените проблеми исто така ќе бидат на виделина во текот на целата година.
Добрата вест е тоа што љубовта и инитмноста цело време ќе бидат на врвот, тоа ќе овозможи Бикот да има постојана поддршка. Предизвиците и оваа година ќе му донесат голема промена, но позитивни резултати.

Бик 2019: Хороскоп за пари

Годишниот хороскоп за Бик говори дека негов најголем непријател во работата е самиот тој. Грижите за се, за работата и за долговите на вашата иднина нема многу да и помогнат.
Наместо тоа, сконцентрирајте се на своите најдобри квалитети и верувајте дека сте во состојба да направите вистинска работа. Ако не можете, преземете нешто. 2019 година е добра година за Бикот за учење на нови вештини и развивање на способноста.
Можеби ќе се изненадите – месеците од јануари до мај се дадени само за успех. Не дозволувајте поради сомнеж во самите себеси да излезете од игра.

Бик 2019: Хороскоп за љубов, семејство и социјален живот

Она што е сигурно е дека следната 2019 година ќе добиете голема поддршка од пријателите, семејството и саканите. Ако сте на самиот почеток не брзајте премногу во љубовнот живот, запознајте се малку подобро. Оставете страста малку да се олади и дозволете работите да се одвиваат чекор по чекор. Имате доволно пријатели, а ќе запознаете и нови во периодот на месеците март-јуни.

Бик 2019: Хороскоп за здравје

За Бикот ретко кога постојат предизвици на кој тој неможе да одговори. Биковите се познати по тоа што се тврдоглави, тие никогаш не се откажуваат. Затоа искористете ја оваа година, ако бидете приморани да се борите за вашето здравје. Пристапете и на задачата логички, што е она што не успева , работете повеќе на она што дава позотивни резултати и елиминирајте ги оние што не даваат. Годишен хороскоп за Бик 2019 покажува дека можеби ќе треба да се откажете од некои задоволства, на нешто што не сте во потполност подготвени, но кога е здравјето во прашање, крајно време е да се откажете од нездравите навики. Не дозволувајте тврдоглавниот став да работи против вас.

Основни карактеристики за хороскопскиот знак Бик

Биковите се личности родени во периодот од 21.4-20.5
Ваш елемент е земјата
Со вас управува Венера
Ваш камен е смарагд
Во животот барате емотивна сигурност
Расположение, енергично
Тајна желба на Бикот му е да има сигурен среќен и богат живот/брак.

Подготви: Љупка С.