Поврзи се

4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

Published

on

Помина скоро една година откако Македонецот Борче Ристевски (55) во Мелбурн призна дека ја уби сопругата Карен (47) на 29 јуни 2016 година, на оддалеченост од околу 50 километри од националниот парк кај Маунт Маседон во северен Мелбурн, каде што нејзините останки биле пронајдени осум месеци подоцна, во февруари 2017 година.
 
Нивната ќерка Сара Ристевски, во интервју во телевизиската емисија „60 минути“ вели дека нејзиниот татко жали за сѐ што се случило и дека го сака, исто како што ќе го сака кога тој ќе излезе од затвор.
 
-Ја гледам болката. Не сакам луѓето да велат дека мојот татко не ја сакаше мајка ми или дека не се грижеше. Луѓето не ја гледаат болката што јас ја гледам кога одам да го посетам. Тој многу жали за сѐ што се случи. Таа му недостига секој ден, кажа Сара, одбивајќи да даде конкретен одговор на прашањето за што точно жали Борче Ристевски.
 
Таа и натаму останува покрај татка си.
 
На крајот на краиштата, тој ми е татко и единствен преостанат родител. Веројатно, понекогаш ми е тешко да прифатам дека тој е виновен. Но мислам дека доколку јас се најдев во оваа ситуација, тој ќе беше на моја страна. Го сакам татка си сега, го сакав претходно и ќе го сакам и по 11 години кога ќе се врати дома, категорична е ќерката на Борче Ристевски.
 
Ристевски првично беше осуден на девет години затвор, за казната потоа да биде продолжена на 13 години со одлуката на Апелациониот суд во австралиската сојузна држава Викторија, врз основа на поднесената жалба од страна на Обвинителството.
 
Aвстралиските медиуми откриваат и дека за ова интервју Ристевска добила 250 илјади доалри.

Извор: Сител телевизија

-Текстот продолжува по рекламата-
Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Заев

Македонија

Талески: Пресудата е резултат на политички прогон и монтиран политички процес против мене

4NEWS.mk

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

4NEWS.mk

Србија/Ковид-19: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија

4NEWS.mk

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

4NEWS.mk

Негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на ГАК од мајка позитивна на вирусот

Македонија

Лукаревска од УЈП во „Click Plus“ ги објаснува процедурите за користење на мерките на Владата

Македонија

Ангеловска: Се соочуваме со голем предизвик, ова претставува проблем за буџетот

Македонија

Продолжува репатријацијата на затекнатите граѓани во странство, уште еден чартер лет за Берлин и Бон

Македонија

Што со работниците кои добиле отказ или понуден им е спогодбен договор? Одговара Ангеловска во #ClickPlus

Реклама