На 11 ноември премиерите Заев и Борисов имаа закажано средба, но попладнево премиерот на Бугарија, Бојко Борисов преку Фејсбук потврди дека е позитивен на коронавирусот.
Борисов соопшти дека заминува во изолација откако заменик-министерот за регионален развој во неговата влада, Николај Нанков објави дека е позитивен на коронавирус.
По двата направени PCR-теста од денеска сум позитивен на ковид-19.
Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување.
Сите контакти со мене се доставени, напиша Борисов, кој додаде дека почитувајќи ги мерките, сигурен е дека вирусот ќе помине.
.
