Балкан

Борисов за Петков: Сведоци сме на кукавички премиер

„Сведоци сме на кукавички премиер“, изјави на брифинг лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

Тој рече дека ги прочитал текстовите на нацрт-одлуката на Советот на ЕУ и преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.

„Текстот ги вклучува сите стравови и вознемирености и она што ја засега Бугарија. Им верувам и на претседателот Макрон и на Европската комисија. Досега се што се случи добро во Бугарија е благодарение на ЕУ, Премиерот и владејачкото мнозинство носат и тешки и непопуларни одлуки. Во моментов Западот, НАТО и Европа сакаат проширување на Балканот“, додаде тој.

„Не можам да замислам како премиерот, најважната тема за Европа, за Америка, ни вели дека не ја прочитал. Вчера повторно излажа дека ќе оди на совет, ги обвини ГЕРБ и опозицијата дека некој го спречува да поднесе предлог од Советот на министри до парламентот. Зошто овој страв? Зарем не е многу храбар, од кого се плаши?“, праша лидерот на ГЕРБ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни