Македонија

Браќа од Кавадарци на возраст од 73 и 75 години се пресметале – и двајцата се повредени

На 19.11.2022 во ОВР Кавадарци било пријавено дека по кратка вербална расправија во нивниот семеен дом во Кавадарци, настанала физичка пресметка помеѓу Т.Т.(75) и неговиот брат О.Т.(73), во која Т.Т. со остар предмет му нанел повреда на О.Т., додека О.Т. употребил  дрвен предмет, а потоа го одзел остриот предмет од братот и му нанел повреди на Т.Т.. О.Т. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, а Т.Т. во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни