Зголемените цени на енергијата и материјалите и послабата побарувачка предизвикаа бран банкроти меѓу средните и големите компании во Германија во првата половина од годината, објави во вторникот деловниот весник Handelsblatt.
Во периодот од јануари до јуни стечај поднеле 162 компании со промет поголем од 10 милиони евра, пишува Handelsblag, повикувајќи се на анализата на консултантската компанија за преструктуирање на бизнисот Falkensteg.
Бројката е за 41 отсто поголема од истиот период минатата година, наведува весникот, истакнувајќи дека скокот е значително поголем од она што го очекуваше Фалкенштег, прогнозирајќи раст од 30 отсто на почетокот на годината.
Најмногу барања поднеле компаниите од секторот за недвижности, добавувачите на автомобили и производителите на машини, наведува Handelsblatt.
Причините за прогласување банкрот се постпандемиската криза, инфлацијата, растот на цените на енергијата и материјалите и слабеењето на побарувачката. Реструктуирањето и инвестициите во пропаднатите компании се попречени од глобалната криза, лошите изгледи за германската економија и високите каматни стапки, смета Халкенштег, според извештајот на Ханделсблат.
Германската индустриска и трговска комора ДИХК предвиде во мај продолжување на нагорниот тренд на банкроти, посочувајќи дека германската економија е попречена од структурни проблеми како што е недостатокот на квалификувана работна сила.
Во 2023 година банкрот прогласиле 17.814 компании, за 22,1 отсто повеќе од 2022 година, покажуваат податоците на заводот за статистика Дестатис.