Свет

Бремената жена од уништената болница во Мариупол која Русите ја обвинија дека e актерка роди девојче

Бремената жена од уништената болница во Мариупол која Русите ја обвинија дека e актерка роди девојче

Во руското гранатирање на Мариупол, детската болница и породилиштето беа срамнети со земја. Меѓу тројцата убиени има и шестгодишно момче, а повредени се уште 17.

Европа остро го осуди овој руски напад врз болницата и породилиштето, но Русите во скандалозно соопштение изјавија дека сцените на бремените жени кои бегаат од болницата се лажни и дека болницата не е оперативна, туку служела како база за украинските војници.

Посебно истакнаа една трудница чиј профил на Инстаграм го објавија. Таа е блогерка за убавина што им беше доволно на Русите да заклучат дека се е лажно. На нејзиниот Инстаграм има неколку фотографии на кои е бремена.

Станува збор за Маријана Подгурајска, а таа штотуку роди девојче, пренесува Yahoo.

Нејзината фотографија ја пренесоа повеќето светски медиуми, додека пак рускиот твит во кој се обвинува дека е платена актерка е веднаш избришан бидејќи ги прекршува правилата на Твитер.

Потсетуваме, откако ги уништија болницата и породилиштето, рускиот министер Сергеј Лавров, кој зборува за тоа што мисли Путин, изјави дека Русија воопшто не ја нападнала Украина и дека болницата во Мариупол всушност била воена база.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни