Свет

Британскиот парламент ќе гласа за договорот за Брегзит

Британскиот Парламент денеска треба да се изјасни за Договорот за Брегзит, премиерката Меј ги повика пратениците „уште еднаш да го проучат“ Договорот за Брегзит и ги одби повиците да го одложи излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Им порачувам на пратениците од двете страни на Парламентот, што и да одлучиле, во следните 24 часа да го проучат договорот уште еднаш, рече Меј пред Парламентот.

Последен рок за излегување на Британија од ЕУ е 29 март годинава, Експертите предвидуваат дека без некаков договор со Унијата британската економија ќе биде вовлечена во хаотична ситуација.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни