Српската премиерка, Ана Брнабиќ денеска разговараше со словенечкиот специјален пратеник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш, кој посочи дека ставот на Словенија е дека европскиот пат на Србија и на Западен Балкан е без алтернатива, а Словенија ќе ја пружи сета потребна помош и поддршка на тој пат.
Премиерката посочи дека и покрај бројните предизвици со кои се соочува Србија, Европската унија останува нејзин стратешки приоритет, соопшти српската влада.
Зборувајќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Брнабиќ рече дека Белград останува посветен на изнаоѓање решение и продолжување на разговорите, но дека и по речиси десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор, нема напредок во спроведувањето на она што беше договорено од приштинската страна.
Таа додаде дека натамошниот раст на економијата е условен од енергетската состојба.
Соговорниците оценија дека сегашното ниво на билатерални односи меѓу Словенија и Србија е исклучително добро и дека постои волја кај двете страни да се задржи досегашната динамика на соработка меѓу двете држави, пренесе Бета.
