Македонија

Бројот на активни ковид случаи достигна 1.618 – најмногу во Тетово и Скопје

Бројот на заболени од Ковид-19 во државава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 7.647 тестирања регистрирани се 378 нови случаи со Ковид-19, 25 оздравени пациенти и еден починат пациент од Скопје.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 157.251.

Бројката на оздравени пациенти е 150.481, додека пак бројот на починати е 5.502.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни