Бројот на жртви во пожарот што избувна во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг минатата среда се искачи на 156, а жителите на единствената зграда што не беше погодена од пожарот ќе можат да се вратат во своите домови на кратко време утре и четврток за да соберат лични работи, објавија денес властите.
Полицијата објави дека се пронајдени уште пет тела, со што бројот на жртви од 151 се зголеми на 156, а од вкупниот број жртви, 127 се идентификувани, објави порталот SCMP.
Жителите на зградата што не беше погодена од пожарот ќе можат да ги земат своите работи во рок од еден и пол час, во придружба на полицајци, државни службеници и социјални работници, помеѓу 9:00 и 21:00 часот.
