Бројот на жртвите од пожарот кој утринава зафати катна зграда во јужниот кварт Ал Манхаф во Кувајт достигна 49, потврдија за кувајтската новинска агенција КУНА, претставници на Министерството за внатрешни работи.
Сопствениците на зградата ќе бидат најстрого казнети, изјави генерал-мајор Насер Абу Слаиб, директор на секторот за информации и безбедност на Министерството.
Истрагата за причините за пожарот и идентификацијата на жртвите е во тек.
Шеикот на Кувајт Сабах Ал-Ахмад Ал-Џабер Ал-Сабах им наредил на надлежните службеници итно да ги истражат причините и околностите кои довеле до несреќата, јави КУНА.
Заменик-премиерот Фахад Јусуф Сауд Ал-Сабах ги обвини сопствениците на имотот за неправилности и алчност, велејќи дека тоа довело до инцидентот.
Агенцијата Ројтерс ја наведе изјавата на висок полициски функционер дека во станбениот дел на зградата најпрвин имало работници и дека многу од нив биле спасени, а причина за многубројните смртни случаи е задушување од чад.
Засега не се знае на какви работни места биле ангажирани повредените работници или нивното потекло.