Македонија

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени шест возила

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени шест возила

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречи катастрофа откако денеска попладне избувна пожар на паркингот во близина на Автобуската станица во Велес.

Дојавата била примена во 13:45 часот за запален автомобил, но на терен било утврдено дека гори сува трева. Огнот брзо се проширил и минимално оштетил шест паркирани возила. Едно противпожарно возило и тројца пожарникари успеале веднаш да го локализираат огнот и да спречат поголема штета.

Поради ова, ТППЕ Велес упати итен апел до граѓаните и земјоделците од Велес, Чашка и Градско да не палат оган на отворено и да не ги палат стрништата, потсетувајќи на големиот пожар од 30 јуни кога изгореа лозја, соларни панели и викендички.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни