Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Македонија

„Бугарите треба да влезат во Уставот“ – Села не го коментира францускиот предлог без официјален документ

„Бугарите треба да влезат во Уставот“ – Села не го коментира францускиот предлог без официјален документ

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска истакна дека не сака да го коментира францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Според него, за истиот да биде анализиран треба да има официјален документ.

Села кажа како Алијанса ќе поддржи вклучување на Бугарите во Уставот.

„Јавно кажав, да, Бугарите треба да бидат во Преамбулата. Тука немаме дилема. Доколку дојде таков предлог… Реков дека не можам да зборувам без да знам каков е предлогот… Алијансата за Албанците е таму да поддржи“, изјави Села.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни