Балкан

Бугарскиот претседател за инцидентот во Полска: Ризик од дестабилизација на целиот регион

Бугарскиот претседател за инцидентот во Полска: Ризик од дестабилизација на целиот регион

Инцидентот во Полска, кој доведе до загуба на човечки животи, е неприфатлив, ризикува да го дестабилизира целиот регион и да го прошири територијалниот опсег на руската војна против Украина.

Ова е наведено во пораката од прес-службата на шефот на бугарската државата, објавена неколку часа откако беше објавено дека руски проектили паднале во Полска, а двајца цивили загинале.

„Потребно е веднаш да се расветли овој опасен случај и да се преземат соодветни мерки. Секој ден од оваа војна ја уништува иднината на Европа и на светот“, се додава во пораката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни