Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Булаиќ: Долга и неизвесна ноќ во Србија – полицијата се подготвува за можни протести по изборите!

Булаиќ: Долга и неизвесна ноќ во Србија – полицијата се подготвува за можни протести по изборите!

Србија ја очекува долга и неизвесна изборна ноќ, а конечниот расплет ќе зависи не само од пребројувањето на гласовите, туку и од реакциите на политичките актери, оцени новинарката Жана Булаиќ во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Таа посочи дека во центарот на Белград е забележливо засилено полициско присуство, додека дел од институциите и јавните простори се обезбедени со огради.

Според Булаиќ, неизвесноста дополнително ја зголемуваат пријавените нерегуларности, можните приговори и прашањето како ќе реагираат политичките партии доколку резултатите бидат тесни.

Новинарката потсети и на изјавата на Александар Вучиќ дека ќе го признае евентуалниот изборен пораз.

„Ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи. Нè очекува многу долга ноќ“, посочи Булаиќ.

Таа нагласи дека првичните изборни процени нема нужно да дадат целосна слика за конечниот резултат, особено доколку следуваат приговори или повторување на гласањето на одредени избирачки места.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни