Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, денеска беше меѓу првите што пристигнаа во изборниот штаб на листата, а по него пристигнаа и претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, како и Ана Брнабиќ, Немања Старовиќ, Марко Ѓуриќ и други партиски функционери.
Во своето обраќање, Вучиќ изјави дека ги изгубиле изборите и дека „Студентската листа“ добила повеќе гласови.
Тој напомена дека, врз основа на стратификуван примерок, „Студентската листа“ освоила најголем број места на изборите.