4NEWS.mk

Бузаку: Ако за 72 часа Сулејман Реџепи не го ослободи ИВЗ ќе објавиме страшни докази за негови кривични дела

Скендер Бузаку даде ултиматум ако за 72 часа Сулејман Реџепи не го напушти ИВЗ, ќе објави докази за криминалот кој како што рече го сторил нелегалниот реис. 

Бузаку им порача на сите оџи, муфтии, верници кои биле избркани некогаш од ИВЗ ќе ги врати на работа а пак оние кои сега работат за Реџепи да не се плашат оти нема да бидат избркани туку унапредени. 

Бузаку нагласи не може да влезе во ИВЗ бидејќи полицијата го чува објектот. Тој симболично за ултиматумот остави часовник пред портата на ИВЗ. 

На прашањето што мисли за полициското обезбедување, Бузаку вели дека тоа е типично за Реџепи кој, како што вели за своја заштита ангажирал и криминални групи. 

Мирјана Давидовска

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни