Шведската премиерка Андерсон објави дека владата официјално одлучила да аплицира за членство во НАТО.
Истакнувајќи дека огромното мнозинство во парламентот го поддржува членството во НАТО, Андерсон рече дека ова е заедничка одлука што ја донеле со главната опозициска партија за заштита на безбедноста и интересите на земјата.
Андерсон додаде дека сакаат да аплицираат за членство во НАТО со Финска.
Финскиот претседател Саули Ниинисто во вторник ќе пристигне во официјална посета на Шведска.
Финска и Шведска треба заедно да аплицираат за членство во НАТО во вторник или среда.