Свет

Четири лица загинаа во експлозија во Пенсилванија, три куќи се уништени

Четири лица загинаа во експлозија во Пенсилванија, три куќи се уништени

Најмалку четири лица загинаа во експлозија што погоди три куќи во градот Потстаун, северозападно од американската држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.

Две лица се повредени и се во болница, а се стравува дека има исчезнати.

Медиумите јавија дека во експлозијата биле уништени три куќи.

Детали за причината за експлозијата не се соопштени.

Потстаун е град на околу 60 километри северозападно од Филаделфија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни