Македонија

Четири судења против Рамиз Мерко денеска во Основниот суд Струга

Четири судења против Рамиз Мерко денеска во Основниот суд Струга
Ramiz Merko

Денеска во Основниот суд во Струга започнаа четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко. Првото рочиште се однесува на незаконското поставување на директори на училишта и моментално е во фазата на доказна постапка. На денешното рочиште се сослушува екс-министерот за образование Јетон Шаќири.

Шаќири, заедно со Абедин Нуроски, раководителот на секторот за финансии во Општина Струга, требаше да биде сослушан на претходното рочиште во октомври минатата година. Меѓутоа, рочиштето беше одложено поради проблеми со доставата на повици до сведоците.

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга, се наоѓа на “црната листа” на САД поради наводна корупција. Против него се поднесени девет обвиненија за несовесно работење во службата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни