Свет

Четири земјотреси ја погодија Турција за еден час

Четири земјотреси ја погодија Турција за еден час

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Турција, а веднаш потоа следеше уште еден во источниот дел на земјата.

Четири земјотреси со различна јачина денеска ја погодија Турција за многу краток временски период.

Првата јачина од 1,5 степени, воедно и најслабата, се случи околу 16 часот во источна Турција, а по само 6 минути земјата се затресе во централниот дел на земјата, јавува ЕМСЦ.

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Турција, а веднаш потоа следеше уште еден со јачина од 2,5 степени во источниот дел на земјата.

Инаку, вчера доцна попладне и вечерва два земјотреси ја погодија турско-иранската граница.

Засега нема информации дали е причинета материјална штета или има повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни