4NEWS.mk

Четворица дрвокрадци фатени на дело од шумската полиција, приведени во ПС Гостивар

Вчера околу 15.00 часот во атарот на с.Горна Бањица, гостиварско, полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и на Шумска полиција, ги затекнале А.И.(47), А.Ќ.(43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи.

Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни