Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
4NEWS.mk

Четворица пациенти со Ковид 19 се лекуваат на штипското инфективно одделение

На штипското Инфективно одделение во моментов се лекуваат четворица пациенти позитивни на Ковид 19. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека претходно на болничко лекување беа двајца пациенти од Штип, а во изминатите два дена на ова одделение се хоспитализирани уште двајца пациенти од Кочани.

-Пациентите се со добра клиничка слика, но нивното лекување мора да биде во болнички услови. На одделението имаме и уште четворица пациенти од неколку општини, кои се со сомнителни симптоми на коронавирус и за нив инфектолозите чекаат да пристигнат резултатите од тестирањето, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека од вчера на помош на двете лекарки пристигнал и лекарот инфектолог од болницата во Струмица , откако 14 медицински лица се во превентивна самоизолација поради контакт со 80 годишна жена, на којашто два теста биле негативни, а третиот тест потврди дека е заразена со коронавирус.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни