Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
4NEWS.mk

Членови на „Балкан Ел Стори“, го прославуваат животот со јануарско капење во Конска река

Пет членови на граѓанското здружение „Балкан Ел Стори“ од Гевгелија и годинава останаа верни на традицијата со јануарското капење во студената планинска вода на Конска река, кај познатото гевгелиско излетиште Сифулајка.

Овој чин го изведоа точно на пладне и рекоа дека не им пречело што водата била многу студена затоа што на овој начин секоја година го прославувале животот.

Си посакаа себе си и на сите гевгеличани,како што истекува водата на Конска река така да замине и сето лошо што се случувало изминатава година.

Од граѓанското здружение велат дека ваквото зимско капење има една синтеза меѓу ексцентризмот и традицијата,бидејќи било познато уште од времето на Илијада од Хомер и дека сакаат да ја продолжат традицијата која се одвива од дамнина. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни