Чулев: Случајот со апсењето на момчето со кучето се разгледува во внатрешна конторла

Денес на социјалната мрежа „Фејсбук” се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници со полициски автомобили, кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните во време на полицискиот час.

„Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници и за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста, вели Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи за кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.“

Сето ова беше напишано на фејсбук профилот на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

 
 
 

Извор: Сител телевизија