Растејќи, сигурно сте слушнале многу пати колку витаминот Ц е важен за нашето тело.
Сепак, утрото не е најдобро време за внесување на овој витамин во човечкото тело.
Кога пиете сок од портокал или кој било друг сок, шеќерот од него го подига нивото на серотонин (хормонот на среќата) што ве прави среќни за одредено време. Но, поради дејството на инсулинот што се активира при внесување на сокови, наскоро ќе дојде до пад на шеќерот и енергијата. Ова е и причината зошто консумирањето овошен сок наутро не е најдобриот избор.
Првото нешто што го внесувате во телото наутро директно влијае на вашите невротрансмитери и на тоа како ќе функционира вашиот мозок. Затоа, важно е со утринскиот оброк да јадете житарки и јаткасти плодови, а како пијалок само вода.
Додека шеќерот во 100 проценти од овошните сокови се појавува природно – не се додава, како во случајот со индустриските сокови, начинот на кој телото го обработува и реагира на овој шеќер е во суштина ист, вели истражувањето JAMA Network Open.
Научниците заклучија дека иако овошните сокови можеби не се толку штетни како сокови со шеќер, тие сигурно не се толку здрави како што може да се мисли. Сокот од портокал содржи калории, од кои речиси сите се од шеќер.
Без никакви хранливи материи кои го заситуваат и забавуваат варењето, како што се влакна, здрави масти или протеини, сокот од портокал може да предизвика скок и опаѓање на шеќерот во крвта, што може да доведе до зголемување на телесната тежина на ист начин како и газираните пијалоци.
