На Зимските олимписки игри во Пекинг не им се заканува одложување поради ковид-19, изјави Хуан Антонио Самаранч Јуниор, шеф на Координативниот комитет за игрите.
„Многу пати кажав дека во последните две години не само спортот и олимпиското движење, туку и целиот свет научи да живее во услови кои постојано се менуваат, така што треба брзо да се прилагодите на нив. Овие игри можеме да ги правиме во Пекинг. Имаме многу силен тим, ги имаме сите ресурси да се справиме со сите предизвици на коронавирусот. Подготвени сме на се“, додаде тој.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека ја почитува одлуката на американската влада да ги бојкотира Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.
„Секогаш бараме најголема можна почит и најмало можно мешање од политичкиот свет. Мораме да бидеме внимателни за такви ситуации и да ги почитуваме политичките одлуки донесени од политичарите ширум светот, без разлика дали се тоа САД или друга земја. можам само да кажам дека сме многу среќни што најдобрите спортисти во светот ќе живеат во атмосфера на мир и пријателство во Олимпиското село не само за 55 дена, туку и потоа“, изјави Хуан Антонио Самаранч Јуниор.
САД соопштија дека нивната влада нема да присуствува на Игрите во знак на протест поради кршењето на човековите права во Кина. И Канада и Нов Зеланд немаат намера да испраќаат свои дипломати во оваа азиска земја.