Дали Македонија е подготвена за консензуален претседател?

Која партија прва ќе се одважи и ќе промовира свој претседателски кандидат на изборите кои што треба да се одржат во мај идната година? Прашање на  кое што  се уште никој не може да даде одговор. За  СДСМ темата за претседателски избори ќе се разгледува по уставните амандмани , и ВМРО дпмне се уште се без конкретен став . Она што е јавно е последната анкета на Телма во која што актуелниот премиер Заев има најголема доверба, за аналитичарот Петар Арсовски , и двајцата лидери Заев и Мицковски доколку би се кандидирале многу би изгубиле.

Според него , СДСМ и ДУИ гравитираат околу тезата за консензуален претседател. За Алберт Муслиу кандидатурата на Заев би добила огромна поддршка и кај Македонците и кај Албанците , но прашањето е дали Заев ќе ги напушти почнатите процеси .

Се вчитува...

Шестите претседателски избори во Македонија се очекува да бидат распишани во почетокот на февруари, а да се спроведат во мај 2019 година.

ИЗВЕШТАЈ: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ

Извор: ТВ21