Дали ова е иднината? – Откриени 33 досега непознати вируси

Списанието „Микробиом“ пишува дека научниците откриле дури 33 вируси замрзнати во парчиња мраз.

Повеќето од нив досега не биле забележани и се непознати за науката.

Групата научници откриле престари вируси замрзнати во два примерока мраз земен од Тибетската висорамнина. Овие проби биле земени во 2015 година, а научниците сметаат дека вирусите биле замрзнати најмалку 14.400 години.

„Овие глечери настанале постепено, и заедно со правот и гасовите, многубројни вируси, исто така, останале во тој мраз“, објаснил Жи-Пинг Жонг, главен раководител и истражувач при Државниот универзитет во Охајо, односно „Бирд Полар“ Центарот за климатски истражувања

Кога истражувачите го анализирале мразот, откриле генетски кодови на 33 вируси. Од нив, генетскиот код за четири вируси покажал дека тие се од семејство вируси кои обично инфицираат бактерии. Останатите вируси биле нови, што значи дека никогаш порано не се идентификувани.

Научниците истакнуваат дека, најверојатно, вирусите не потекнуваат од животни или луѓе, туку од почвата или растенија. Според научните сознанија, околу половина од вирусите го преживеале мразот.

„Ова се вируси кои може да преживеат во екстремни средини. Овие вируси имаат генски белези што им помагаат да заразат клетки во студена средина“, нагласува Метју Саливан.

Саливан смета дека технологијата што сега се користи за проучување на микробите и вирусите во мразот ќе овозможи потрага по слични генетски низи во други екстремно ледени средини, како што е Марс.

Поврзани вести

Разладете го пијалокот брзо и лесно – еве како

Ви доаѓаат гости, а сте заборавиле да го разладите пијалокот? Еве неколкуј совети од Дан Маршал. автор на книгата „Животни трикови, работи кои ќе ви го направат животот полесен“.

Најважното

Бектеши: Ги повикувам граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 во случај на неправилности со цените кај трговците

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повикува граѓаните да пријават неправилности со цените кај трговците.

Премиерот Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна...

ЕК нема да препорача задолжителна вакцинација против КОВИД-19

Европската комисија нема да препорача задолжителна вакцинација против Ковид-19. Ова денеска го изјави портпаролот на комисијата како одговор на прашања поврзани со...

Европската централна банка планира нов дизајн на банкнотите на еврото

Европската централна банка (ЕЦБ) планира нов дизајн на банкнотите на еврото, а конечната одлука се очекува да биде донесена во 2024 година,...

Миокардитисот по вакцина против КОВИД-19 кај младите брзо исчезнува

Американските лекари го следеа развојот на миокардитис кај младите луѓе вакцинирани против СОВИД-19 со Pfizer и Moderna и открија дека болеста кај...