Свет

Дали Путин сè уште се подготвува за долга војна? Потпиша важен документ, не остава многу простор за сомнеж

Дали Путин сè уште се подготвува за долга војна? Потпиша важен документ, не остава многу простор за сомнеж

Рускиот претседател на 1 декември го одобри рускиот буџет со кој се планира рекордно ниво на воени трошоци во следните три години. Владимир Путин одобри зголемување од 25 отсто на воениот буџет на Русија за периодот од 2025 до 2027 година, потврдува денеска објавениот документ.

Распределбите за армијата сега изнесуваат околу 32,5 отсто од вкупниот буџет – околу 120 милијарди евра, што е повеќе од 28,3 отсто пријавени годинава, пишува Sky news.

Иако е познато дека трошоците за одбрана се значително зголемени, воениот буџет е најтаинствениот во постсоветската историја, а дури една третина е цензурирана од јавноста. Буџетот веќе е одобрен од двата дома на рускиот парламент, но претседателот дури денеска го потпиша документот.

Претставници на Кремљ повторија дека руската војна во Украина останува нејзин главен финансиски приоритет.

Велат дека новиот предлог-буџет е „урамнотежен“, при што националниот дефицит падна на 0,5 проценти во однос на овогодинешните предвидени 1,7 проценти – а државниот долг ќе остане под 20 проценти во следните три години.

Новите американски санкции против Газпромбанк, која управува со плаќањата за руската нафта и гас, се очекува силно да ја погодат руската економија, додека рубљата веќе падна на најниското ниво во однос на доларот во последните години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни