Свет

Дали се ова најтврдоглавите сопственици на светот? – Не сакаа да ги продадат куќите и да дозволат изградба на автопати

Кога започна масовната изградба на згради, многу сопственици на куќи се откажаа од своите домови во замена за пари или неколку станови, но не и овие луѓе

Во Кина, три семејства одбија да се иселат од зградата околу која беше планиран кружниот тек. На крајот, тие останаа да живеат среде сообраќаен метеж и се чини дека воопшто не им пречи:

Кафуле во Франција стана познато бидејќи сопственикот одби да се исели кога започна големата изградба. Бидејќи е сопственик на објектот од седумдесеттите години на минатиот век, сопственикот на кафулето не сакаше да се пресели, иако неговите клиенти веќе одамна најдоа друго кафуле.

Кога Рокфелер ја изгради својата голема зграда, двајца мажи, сопственици на две мали куќи до градилиштето, одбија да ги продадат своите куќи за помалку од 2,5 милиони долари. Бидејќи Рокфелер не се согласи со таа цена, куќите останаа недопрени кога зградата беше изградена до крај.

Куќа среде пат во Кина ќе остане запаметена од најтврдокорните сопственици кои одбија да се иселат и да ја продадат куќата, дури и кога целата нивна населба беше претворена во автопат.

Погледнете ги сите најчудни приказни за овие сопственици кои не сакаа да се откажат од својот семеен дом, и покрај милионите понудени да ги преместат:

https://youtube.com/watch?v=h5MD2ptO998
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни