Дали вашите очи ве печат, кивате или кашлате?
Проблеми со дишните патишта, кивање и кашлање за време на празниците би можеле да бидат последица на сезонскиот грип, но и посебна алергиска состојба која може да ги зафати оние кои накитиле вистинска елка во својот дом.
Не случајно зборуваме за синдром на новогодишна елка. Но, што точно е тоа и кои се предизвикувачите на овој „божиќен“ синдром?
Синдромот на новогодишна елка се јавува поради мувлата која е присутна на елката што сте ја донеле во куќата.
Меѓу најчестите симптоми се печење на очите, кивање, потенцијално сериозни напади на астма, кашлање, а проблемот е многу почест отколку што мислите, пренесува Нови лист.
Доволно е да се каже дека веќе во 2011 година, во една студија објавена во списанието Annals of Allergy, Asthma and Immunology, истражувачите идентификуваа над 50 видови мувла на примероците од нивните новогодишни елки.
Во истата студија и известување за претходните истражувања, научниците покажаа дека спорите на мувла во станот се зголемиле од 800 на 5.000 на метар кубен 14 дена откако елката била внесена во домот.
Симптомите може да се појават кога се подготвувате за украсување, но и по подолг контакт со елката. Некои може да се појават дури и по неколку недели.
Што да направите ако сте „алергични“ или имате проблеми со елките?
Експертите препорачуваат:
– измијте ја внимателно елката пред да ја внесете во куќата. Ова е добро правило за контрола на потенцијалните алергени
– носете градинарски ракавици кога го допирате дрвото, неговите гранки или стеблото. Некои луѓе може да бидат алергични и да добијат осип
– користете прочистувач на воздух доколку имате дома
– поместете го дрвото надвор ако симптомите се влошат
Изборот на вештачка елка се покажува како посоодветно решение за животната средина и здравјето на долг рок, доколку внимавате на некои работи.
Добро исчистете ја прашината пред да ја ставите на местото што сте го избрале во куќата.
Исто така, внимавајте каде го чувате по празниците: на особено влажно место како подрумот лесно може да се формира мувла.
