Магазин

Дали знаете за што сонува вашето куче? Научниците го дадоа одговорот и ги изненадија сопствениците

Дали знаете за што сонува вашето куче? Научниците го дадоа одговорот и ги изненадија сопствениците

Ако имате куче за домашно милениче, тогаш знаете како изгледа кога спие. Некои кучиња, додека спијат, брзо ги движат шепите и изгледаат како да бркаат имагинарна мачка. Но, за што навистина сонуваат кучињата? Дали сонуваат за нивната омилена храна или омилена играчка?

Научниците од Харвард конечно најдоа одговор на ова интересно прашање.

Според нивните истражувања, кучињата често сонуваат за луѓето за кои се најмногу приврзани , обично нивните сопственици.

Ова е објаснувањето на д-р Даидро Барет:

„Луѓето сонуваат за тоа што најмногу ги загрижува во текот на денот, но на многу нејасен и нелогичен начин. Нема причина да се верува дека животните се поинакви. Со оглед на тоа што кучињата можат многу да се врзуваат за луѓето, кучето веројатно сонува за лица и мириси кои го прават среќен . Од друга страна, кучето може да сонува дека прави нешто што ве нервира“, објаснува Барет, пренесува Miss7 .

Очигледно луѓето не останале рамнодушни кога дознале за ова откритие. Сопствениците на кучиња почнаа да објавуваат фотографии од нивните миленици како спијат придружени со охрабрувачки коментари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни