Дамјан Манчевски поднесе оставка од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ

Екс-министерот за Информатичко општество и администрација преку Фејсбук информираше дека се повлекува од политиката и дека ќе се посвети на профестијата.

Се вчитува...

„Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, која е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ“, напиша Манчевски на Фејсбук.

Драги пријатели, почитувани граѓанки и граѓани,драги мои другарки и другари,Дозволете да Ве информирам дека донесов…

Gepostet von Damjan Manchevski am Dienstag, 13. Oktober 2020

Во својата објава вели дека се заблагодарува на две лица:

1. Зоран Заев. Тој не е човек, тој е човечиште. Да му се заблагодарам за храброста, вербата и посветеноста. Да му се заблагодарам за жртвата. Да му се заблагодарам што бев дел од историјата која ја создадовме. За довербата што секојдневно ми ја дава, уште од кога ме покани да му бидам шеф на кабинетот во партијата во 2008 година. Но, највеќе од се за неизмерното другарство.

2. Радмила Шекеринска Јанковска. Уште кога имав 18 години, ме воведе и ми даде шанса во политиката. Цело време, а и ден денес, ми е пример за принципиелност и работливост. Пример за борец, кој не се предава и никогаш не ги става личните интереси во прв план.

.

Извор: ТВ21