Свет

Данците воведуваат данок за сточарите поради гасовите што ги произведуваат нивните крави, свињи и овци

Данците воведуваат данок за сточарите поради гасовите што ги произведуваат нивните крави, свињи и овци

Од 2030 година, Данска ќе ги оданочува сточарите за стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи.

Така, Данска ќе стане првата земја во светот што ќе го стори тоа за да го намали главниот извор на емисиите на метан, еден од најмоќните гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување.

Целта е да се намалат емисиите на стакленички гасови во Данска за 70 отсто во однос на нивото од 1990 година, изјави министерот за даноци Џепе Брус.

Од 2030 година, данските сточари ќе се оданочуваат со 300 круни (43 долари) по тон еквивалент на јаглерод диоксид во 2030 година. Данокот ќе се зголеми на 750 круни (108 долари) до 2035 година.

Иако јаглерод диоксидот добива поголемо внимание за неговата улога во климатските промени, метанот заробува 87 пати повеќе топлина во период од 20 години, според американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни