4NEWS.mk

„Дедомразовски маратон“ во Ресен

Општина Ресен во соработка со ЈОУ Дом на култура „Драги Тозија“ го одржаа првиот „Дедомразовски маратон“ и новогодишен базар.

Деца од детските градинки, како и ученици од основните и средното училиште во Ресен, масовно се вклучија на атрактивната трка, а најдобрите освоија награди.

– Првпат оваа година одржавме Новогодишен базар, а ресенчани со посебно задоволство ја поздравија манифестацијата „Дедомразовски маратон” во чија организација се вклучи и ЗЛР „Акција плус”, истакна ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски, кој им додели награди и благодарници на учесниците на манифестациите во Ресен. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни