Дел од бензинските пумпи од утрово не точат гориво, се чека новата поскапа цена

Дел од бензинските пумпи во земјава од утрово не точат нафта, дознава 4NEWS.mk од извори.

Според информациите до кои дојде 4NEWS.mk, на одредени бензински станици им било кажано привремено да ја стопираат продажбата на дизел гориво и да почекаат до вторник, кога се очекува да биде донесена нова цена на горивата.

Причината, како што се посочува, е очекуваното поскапување на нафтата на светските пазари, поврзано со воените случувања на Блискиот Исток. Според овие информации, дел од трговците со гориво очекуваат новата цена да биде повисока, по што горивото би се продавало по повисока тарифа.

Цените на горивата во земјава редовно се утврдуваат од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија, која одлуките за нови цени најчесто ги носи во текот на неделата, врз основа на движењата на светските берзи и курсот на доларот.