4NEWS.mk

Делегација на холандската парламентарна комисија за европски прашања на средби во Собранието

Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе престојува Делегација на Постојаната комисијата за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија.

Членовите на холандската делегација ќе имаат средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Поповски и со членовите на Советот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни