Повеќечлена делегација на збратимениот град Дрезден, Германија, деновиве престојува во официјална посета на Скопје. Делегацијата е составена од заменик-градоначалникот на Дрезден задолжен за ред и безбедност, Детлеф Сител, Командантот на Противпожарната бригада на Дрезден, Абдреас Румпел, советникот за заштита од пожари и од катастрофи Михаел Катц и претставничка од Одделението за меѓународна соработка на Дрезден, Регин Крамер.
За време на нивниот престој делегацијата посети повеќе средни училишта во Градот Скопје и повеќе бази на Противпожарната бригада на Скопје, а во текот на посетата остварени се и голем број официјални средби.
Вчера делегацијата од Дрезден остварија средба и со заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, и поголем број претставници на градската администрација.
На средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу Скопје и Дрезден, како и можноста за продлабочување на истата, пред се, во областа на културата, економијата, образованието, противпожарната заштита и туризмот. Една од темите на разговорот беше и кандидатурата на Скопје во 2028 година да биде Европска престолнина на културата, бидејќи Дрезден аплицира за истата титула во 2025 година. На средбата се дискутираше за размена на искуства од аспект на организација и подготовки за овој голем настан, како и за подобрување на соработката на културните институции од двата града.
