Демократи: Неразумен предлог на Стопанската комора да се зголеми акцизата за нафтените деривати за 2 денари

Демократи  сметаат дека во оваа катастрофална економска криза во која се наоѓа нашата држава како последица од корона-вирусот, да се побара ваква мерка од Стопанската комора да се зголеми акцизата на горивата за 2 денари, со што би се зголемил буџетот месечно 3.8 милиони евра, или годишно 46 милиони евра, не само што е неоправдана, нехумана, несолидарна, туку е и неразумна.

Со зголемување на цената на горивата не’ само што малите и средните претпријатија ќе бидат најповеќе финансиски оштетени, туку и граѓаните ќе имаат штета преку зголемување на цените на производите и услугите кои се веќе многу високи.

Бараме од Владата да донесе одлука да не се прифаќа предлогот од Стопанската комора да се зголеми акцизата на нафтените деривати за 2 денари!

Бараме од Владата да се намалат цените на горивото, прехранбените производи, лековите, струјата, водата, даноците, со што би им се помогнало на фирмите и граѓаните во ова време на невидена пандемија и тешка економска криза која за жал ќе се продлабочува уште повеќе!!!

 
 
 
 
 
 

Извор: Сител телевизија