Архитектонските бариери, недостигот на посебни тоалети, недостигот на звучни семафори и несоодветен транспорт, се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Даниела работи во Фондот за здравствено осигурување . Таа се жали за непристапноста до образовните институции за лицата со попреченост. Недостигот на лифт на Даниела и го има отежна одењето на факултет.
Елена смета дека образованието во специјалните училишта не е квалитетно и не е во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Народниот правобранител, по повод 3 декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, ги објави резултатите од анализа за спроведувањето на новиот Закон за инклузивно образование, каде биле опфатени 349 училишта во Северна Македонија.
Според Мустафа, резултатите покажуваат дека во повеќето училишта нема дефектолози и лица кои ќе работат посебно со секој ученик со попреченост и наставниците не се обучени за да работат со овие деца. А Министерот за образование и наука, Арбр Адеми, вели дека годинава се ангажирани 295 образовни асистенти кои заедно со другиот тим за инклузивност, ќе им помогнат на децата со попреченост полесно да ги научат лекциите.