Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Денес нова средба Заев – Гаши – ќе биде ли постигнат конечен договор?

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска во 14 часот ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.  Заев и Гаши, претходно одржаа средба и на 19 месецов.

На седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни