Денес започнува Рамазан: најважниот месец за муслиманите ширум светот

За верниците од исламската вероисповед, Рамазан, најважниот и најсветиот месец за муслиманите ширум светот, започна денес.

Тој го означува денот кога Куранот, светата книга на исламот, му билa објавенa на пророкот Мухамед.

Рамазан и периодот на постење се почитуваат во текот на целиот месец и претставуваат еден од петте столба на исламот, основните должности што сите муслимани треба да се стремат да ги исполнат.

Рамазан се смета за месец на духовна будност, период во кој верникот свесно се враќа на основите на верата, ја зголемува молитвата, учењето и разбирањето на Куранот и се стреми да го подобри својот однос со себе и со другите.

Постот се смета за еден од столбовите на исламот и вклучува целосно воздржување од храна, пијалоци и телесни задоволства од зори до зајдисонце.

Моментите на заедништво што ги зближуваат семејствата, соседите и пријателите најмногу се чувствуваат за време на ифтар, вечерата. Овие моменти на радост и споделување на трпезата го симболизираат единството на заедницата и топлината на домот.

Преку триесетдневен пост, верниците се подготвуваат за крунскиот момент на ова духовно патување – Фитр Бајрам, празник што ја слави победата над сопствените слабости и триумфот на мирот и љубовта.

Оваа година, верниците од исламската вероисповед ќе го прослават Фитр Бајрам на 20 март.