Министерството за здравство информираше дека поради зголемениот интерес за вакцинација од денес се отвораат дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид.
Пунктовите во Скопје кои ќе започнат со работа од денес се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.
Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар.
Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.
На располагање се околу 400.000 дози од вкупно сите производители од нив.