На денешен ден пред точно една година Македонија се радуваше на уште еден голем успех на ракометот. Гигантот Вардар со победата во финалето од ЛШ во Келн со 27-24 против унгарскиот Веспрем ја освои и втората европска титула.
Беше тоа фајнал-фор за паметење откако во полуфиналето беше совладана по голем пресврт фаворизираната Барселона а потоа црвено-црните му застанаа на патот на уште еден голем тим, Веспрем во обидот да ја освои првата европска титула.
Тренерот Парондо, капитенот Стојанов, Карачиќ, Кристопанс и останатите херои на Вардар ја донесоа втората голема радост за само три години од Лигата на шампиони.
