Денот на Светиот Дух – зошто верниците не работат три дена по Духовден

Педесет дена по Велигден и десет по Спасовден, православните верници го слават Духовден – празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој ден, познат и како Педесетница, се вбројува меѓу најзначајните црковни празници во годината и има посебно место во календарот на Македонската православна црква.

Во христијанската традиција, Духовден го симболизира раѓањето на Црквата и почетокот на мисијата на апостолите да го шират Христовото учење. Многумина го сметаат за трет празник по важност, веднаш по Божик и Велигден.

Според народните верувања, следните три дена по Духовден се сметаат за свети и резервирани за духовен мир. Во тој период не се препорачува организирање на семејни веселби како свадби, крштевки и други свечености. Се верува дека тоа е време за почит и внатрешна тишина.

Во некои региони од Македонија постои верување дека водата во овие денови е „немирна“ и под влијание на лоши сили, па се избегнува капење во реки и езера. Слично на тоа, не се препорачуваат тешки физички работи, како и активности како шиење, плетење и други домашни ракотворби – особено од страна на жените.

Духовден е време за духовна обновување, тивка молитва и почит кон небесната сила што, според верувањето, го исполнила светот со мудрост, вера и љубов.