Дете е 45-та жртва во несреќата од „Струма“

При денешниот дополнителен увид на автобусот со државјани на Република Северна Македонија што имаше несреќа на автопатот „Струма“ во вторникот, е пронајдено уште едно тело на дете, информира заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов.

Со ова бројот на жртвите во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“ се искачи на 45.

Сарафов денеска во изјава за БНР потврди дека во понеделниот вечерта во 21.15 часот по бугарско време преку граничниот премин „Капитан Андреево“ од Турција во Бугарија со автобусот на „Беса транс“ влегле 52 лица.

Според Сарафов, од нив 45 загинати биле пронајдени во опожарениот автобусот, а седум повредени биле пренесени во софиската болница „Пирогов“.

Сарафов информира и дека бугарските истражители и обвинител кои допатуваа во земјава ќе останат во Скопје најдоцна до недела.

„Мора да ја донесат документацијата поврзана со автобусот и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од несреќата“, додаде Сарафов.

Тимот од обвинители и истражители од бугарската Национална истражна служба, според најавите, до властите на земјава официјално треба да достават барање за правна помош. Ним ќе им бидат предадени собраните ДНК материјали од роднини на жртвите во автобуската несреќа и по нивното враќање во Бугарија, ќе започне споредувањето и идентификацијата со пронајдените тела на загинатите македонски државјани во автобусот. По завршувањето на оваа постапка ќе следува пренесување на телата во земјава и предавање на нивните роднини.

Поврзани вести

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром. Почит на загинатите им оддадоа претседателот...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките во моментов ги пречекува висока државна делегација....

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...